Безбедносни напомени за батериската светилка
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
- Ракувајте внимателно со батериската светилка. Батериската светилка создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
- Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од експлозија.
- По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите.
- Користете само оригинална Bosch-опрема.
- Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.
- Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
- Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот.
- Не ја покривајте главата на светилката, доколку батериската светилка работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
- Сталаците за батериската светилка кои не ги користите чувајте ги подалеку од дофат на деца. Батериската светилка не смее да ја користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Батериските светилки се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Не ја принесувајте батериската светилка во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот на батериската светилка создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите и медицинските уреди. |
- Батериската светилка држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
- Не ја поставувајте батериската светилка на плафон со помош на магнетите за прицврстување. Доколку падне, постои опасност од повреда.
- Проверете дали магнетот за прицврстување може стабилно да ја држи батериската светилка. Доколку падне, постои опасност од повреда.