Транспорт (види слика Z)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
- Притиснете ја лизгачката рачка (27) целосно наназад и фиксирајте ја во оваа позиција.
- Проверете дали граничникот за длабочина (29) е притиснат целосно навнатре и завртката за подесување (28) при движењето на лизгачката рачка минува низ отворот без да го допре граничникот за длабочина.
- Водете ја лизгачката рачка надолу додека транспортниот осигурувач (30) целосно не се притисне навнатре
- Повлечете ги продолжетоците на масата за пила (7) целосно навнатре.
- Поставете вертикален агол на закосување од 0° и цврсто затегнете го затегнувачкиот лост (13).
- Свртете ја масата за пила (37) до крај на лево и затегнете го копчето за фиксирање (11).
- Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (74).
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
- Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
- За транспорт фатете за жлебовите за држење (15) странично на масата за пила.
- При транспорт на електричниот алат користете само транспортни уреди, а никогаш заштитните уреди, лизгачката рачка или дршката .