Блокирајте ја лизгачката рачка
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка (27) може да се блокира со помош на затегнувачкиот лост (24). Притоа можни се две позиции на лизгачката рачка:
- Лизгачката рачка е поместена сосема наназад (за сечење со отсекување)
- Лизгачката рачка е повлечена нанапред (за компактна позиција за транспорт)
Деблокирање на лизгачката рачка (види слика B1)
По деблокирање на лизгачката рачка (27) комплетниот лизгачки механизам е подготвен за работа.
- Притиснете го затегнувачкиот лост (24) надолу до крај.
- Затегнувачкиот клин на затегнувачкиот лост ги ослободува двата долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
Осигурување на лизгачката рачка (види слика B2)
Лизгачката рачка е поместена сосема наназад:
- Притиснете ја лизгачката рачка (27) наназад до крај.
- Двата горни дела на зглобот на лизгачката рачка сега се во исправена позиција и затворени.
- Повлечете го затегнувачкиот лост (24) нагоре додека затегнувачкиот клин не се позиционира помеѓу двата долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
- На тој начин ќе се блокира лизгачката рачка (27) која е поместена наназад.
Лизгачката рачка е повлечена целосно нанапред:
- Повлечете ја лизгачката рачка (27) до крај нанапред.
- Сега лизгачкиот механизам е комплетно извлечен.
- Повлечете го затегнувачкиот лост (24) нагоре додека затегнувачкиот клин не се позиционира помеѓу двата долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
- На тој начин ќе се блокира нанапред поместената лизгачка рачка (27).