Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно всисување
За всисување, на адаптерот за всисување (23) може да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
- Поврзете го со цревото за всисување на прав со адаптерот за всисување (23).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Чистење на адаптерот за всисување
Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (23) мора редовно да се чисти.
- Извлечете го адаптерот за всисување (23) со вртење од исфрлувачот на струготини (22).
- Отстранете ги искршените делови од работниот дел и струготините.
- Повторно притиснете го адаптерот за всисување со вртење во исфрлувачот на струготини, додека не се вклопи преку затегнувачкиот прстен на исфрлувачот на струготини.