Сечење
- Притиснете ја лизгачката рачка (27) целосно наназад и фиксирајте ја во оваа позиција.
Проверете дали граничникот за длабочина (29) е притиснат целосно навнатре и завртката за подесување (28) при движењето на лизгачката рачка минува низ отворот без да го допре граничникот за длабочина. - Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- По потреба поставете го саканиот агол на закосување (хоризонтален и/или вертикален).
- Вклучете го електричниот алат.
- Полека водете ја надолу лизгачката рачка (27) со дршката (1).
- Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
- Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
- Полека водете ја лизгачката рачка (27) нагоре.
- Цврсто држете ја дршката пред вклучувањето и за време на целокупниот процес на сечење. Со лизгачката рачка контролирајте го движењето за време на сечењето. Еден момент на невнимание со екстремно лесно подвижната лизгачка рачка може да доведе до сериозни повреди.
- Деблокада на лизгачката рачка (27).
Со извлекување и повлекување назад на лизгачката рачка (27), проверете дали комплетниот лизгачки механизам е подготвен за примена. - Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- По потреба поставете го саканиот агол на закосување (хоризонтален и/или вертикален).
- Поместете ја лизгачката рачка (27) со дршката (1) од граничната водилка (6), додека сечилото за пилата не се најде пред делот за обработка.
- Вклучете го електричниот алат.
- Полека водете ја надолу лизгачката рачка (27) со дршката (1).
- Сега притиснете ја лизгачката рачка (27) во правец на граничната водилка (6) и сечете го делот за обработка со еднаков притисок.
- Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
- Полека водете ја лизгачката рачка (27) нагоре.
За едноставно сечење на исти делови можете да го користите граничникот за должина (35) (опрема).
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете страни на продолжетокот на масата за пила (7).
- Олабавете ја завртката за блокирање (34) и преклопете го граничникот за должина (35) над завртката за затегање (61).
- Повторно затегнете ја завртката за блокирање (34).
- Поставете го продолжетокот на масата за пила (7) на саканата должина.
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку сакате да исечете жлеб или да употребите дистанцер.
- Свртете го граничникот за длабочина (29) кон надвор.
- Навалете ја лизгачката рачка (27) на дршката (1) во саканата позиција.
- Свртете ја завртката за подесување (28), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочинa (29).
- Полека водете ја лизгачката рачка (27) нагоре.