Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е дефектен или не работи беспрекорно од доводот на енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за активирање.
Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства. Електричниот алат треба редовно и правилно да се одржува.
Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, на пр. при:
- забивање или гравирање,
- доколку производителот не дозволил преправки,
- водење по шаблони, коишто се изработени од цврст материјал, на пр. челик,
- испаѓање и туркање преку под,
- употреба како чекан,
- секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за обработка. Не испукувајте хефт-иглички во ѕидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Хефт-игличките може да поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте хефт-иглички во хефт-игличка што е веќе набиена. Притоа хефт-игличката може да се деформира, да се заглават хефт-игличките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се движи.
Доколку електричниот апарат се употреби при ладни амбиентални услови, првите хефт-иглички ќе се набиваат побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли електричниот апарат за време на работата, повторно се враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.
При подолги паузи во работата или по завршување на работата исклучете го електричниот алат, извадете ја акумулаторската батерија и по можност испразнете го магацинот.
Длабочината на ковање може да се подеси со тркалцето за подесување (4).
- Испразнете го магацинот (13).
| |
|
На приказот (3) може да го проверите подесувањето на граничникот за длабочина.
- Повторно наполнете го магацинот.
- Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Поединечните хефт-иглички може да се заглават во каналот за исфрлање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по ослободувањето на заглавената муниција, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
- Отпуштете го чкрапалото (5).
- Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (10).
- Притиснете го прекинувачот (12) за да го отворите магацинот. Лизгачот на магацинот се продолжува.
- Свртете го електричниот алат така што лентата за хефт-иглички во магацинот да се лизне. Отстранете ги заглавените хефт-иглички. По потреба употребете клешти.
- Повторно наполнете го магацинот.
- Повлечете го лизгачот на магацинот до почетокот на магацинот додека не кликне на своето место.
Штитникот за делот за обработка (1) на крајот на осигурувачот за активирање (2) го штити делот за обработка, додека електричниот алат не се постави точно за процесот на забивање. Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и замени
- Отпуштете го чкрапалото (5).
- Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (10).
- Испразнете го магацинот (13).
- Извлечете го штитникот од осигурувачот за активирање.
- Поместете го новиот штитник за делот за обработка со отворениот крај преку осигурувачот за активирање.
Напомена: Резервниот штитник за делот за обработка може да се чува на долната страна на магацинот (13). Ставете го штитникот на делот за обработка во депото (19).
Доколку треба да го транспортирате електричниот алат, исклучете го, особено доколку користите скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го електричниот алат само за дршката (16) и со неактивирано чкрапало (5).
Електричниот апарат постојано треба да се складира со извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место.
Доколку електричниот апарат не се користи подолг период премачкајте ги челичните делови со тенок слој масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.