Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Приклучување на всисувач за прав

Всисувачот за прав е наменет само за работење со основна брусна плоча (15), не може да се комбинира со други алати за вметнување.

При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за прав.

За да го монтирате всисувачот за прав извадете ги алатот за вметнување и граничникот за длабочина (10).

Вметнете го или всисувачот за прав (13) без приклучок за кликнување или всисувачот за прав (14) со приклучок за кликнување до крај преку прифатот за алат (8) на затезното грло на електричниот алат. Свртете го всисувачот за прав во посакуваната позиција (не директно под електричниот алат). Притиснете го затегнувачкиот лост (17), за да се фиксира всисувачот за прав.

Поврзете го всисувачот за прав со цревото за всисување:

  • Всисувачот за прав (13) без приклучок со кликнување: вметнете го цревото за всисување (20) на всисувачот за прав во адаптерот за всисување (19) и фиксирајте го на своето место. Вметнете го адаптерот за всисување (19) на млазницата за всисување (18) на всисувачот за прав (13).
  • Всисувачот за прав (14) со приклучок со кликнување: вметнете го цревото за всисување (20) на всисувачот за прав во млазницата за всисување (18) на всисувачот за прав (14) и фиксирајте го на своето место.
    Или, може да го вметнете адаптерот за всисување (19) во млазницата за всисување на всисувачот за прав (14) и цревото за всисување (20) во адаптерот за всисување (19).

Цревото за всисување (20) поврзете го со всисувач за прав.

Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.