Дополнителни безбедносни напомени
- При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Постои опасност од повреда.
- Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
- Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
- Никогаш не го користете електричниот алат без дел за вметнување. Променете го дефектниот дел за вметнување. Без соодветен дел за вметнување може да се повредите на сечилото за пила.
- Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
- За материјалот, кој што сакате да го обработите, изберете го соодветниот лист на пилата.
- Користете само листови на пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате.
- Вметнете го делот што се обработува само кога се врти листот на пилата. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во делот што се обработува.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |