Вметнување/замена на сечилото за пилата
- При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
- При менувањето на сечилата за пила внимавајте на тоа, на прифатот за сечило за пила да нема остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални струготини.
Притиснете го SDS-лостот (4) нанапред и водете го сечилото за пилата (1) зад стезната плоча (11) во прифатот за сечило за пила (3). Отпуштете го SDS-лостот (4).
- Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.