Дефект – причини и помош

Во случај на дефект, мерниот уред се ресетира и потоа може повторно да се користи. Во спротивно, прегледот подолу ќе Ви помогне при постојани пораки за грешки.

Грешка

Причина

Помош

Мерниот уред не може да се вклучи.

Аумулаторската батерија одн. батериите се празни

Наполнете ја акумулаторска батерија одн. заменете ги батериите.

Акумулаторот е премногу топол одн. ладен

Оставете го акумулаторот да се темперира одн. заменете го.

Мерниот уред е премногу топол одн. ладен

Оставете го мерниот уред да се темперира.

Меморијата со слики е полна

По потреба, префрлете ги сликите на друг медиум за зачувување на податоци (на пр. компјутер). Потоа избришете ги сликите во внатрешната меморија.

Меморијата на слики е дефектна

Форматирајте ја внатрешната меморија, така што ќе ги избришете сите слики. Доколку проблемот и понатаму постои, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.

Мерниот уред е дефектен

Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.

Мерниот уред не може да се поврзе со компјутер.

Мерниот уред не е препознаен од компјутерот.

Проверете дали е ажурирана погонската единица на Вашиот компјутер. Можно е да е потребна нова верзија на оперативен систем на компјутерот.

USB-приклучокот или USB-кабелот се дефектни

Проверете дали мерниот уред може да се поврзе со друг компјутер. Доколку не може, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.