Главно мени
За да се отвори главното мени, прво притиснете на копчето Func (6) за повикување на мерните функции. Сега притиснете на десното функциско копче (7).
- <Мерење>
- <Степен на емисија> (c)
За некои од најчестите материјали на располагање имате зачувани степени на емисија. Изберете го во точката од менито <Материјал> соодветниот материјал. Соодветниот степен на емисија ќе биде прикажан во редот подолу. Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на Вашиот мерен објект, истиот може да го подесите како бројна вредност во точката од менито <Степен на емисија>. - <Рефл. темп.> (b)
Поставката на овие параметри може да го подобри мерниот резултат, особено кај материјали со низок степен на емисија (= висока рефлексија). Во некои ситуации (особено во внатрешни простории) рефлектираната температура одговара на околната температура. Доколку објекти со температури со силно отстапување во близина на силно рефлектирачки објекти може да влијаат врз мерењето, треба да ја прилагодите оваа вредност.
- <Приказ>
- <Средна точка> (k)
Точката се прикажува централно на термалната слика и Ви ја прикажува измерената температурна вредност на ова место. - <Топла точка> (j): <ON>/<OFF>
Најжешката точка (= мерен пиксел) се означува со црвен означувач на термалната слика. Ова го олеснува пребарувањето на критични места (на пр. лабави контактни терминали во разводната кутија). - <Ладна точка> (l): <ON>/<OFF>
Најладната точка (= мерен пиксел) се означува со син означувач на термалната слика. Ова го олеснува пребарувањето на критични места (на пр. места на прозорец кои не дихтуваат). - <Скала на бои> (g): <ON>/<OFF>
- <WiFi> (d): <ON>/<OFF>
види Пренос на податоци
- <Уред>
- <Јазик>
Во оваа точка од менито може да го изберете јазикот што ќе се користи на приказот. - <Време и дат.> (a)
За промена на времето и датумот на мерниот уред, повикајте го подменито <Време и дат.>. Во ова подмени, покрај поставката за време и датум може да ги промените и нивните соодветни формати. За да излезете од подменито <Време> и <Датум>, притиснете или на десното функциско копче (7) за да ги зачувате поставките, или на левото (13) за да ги отфрлите промените. - <Сиг.на тонот>: <ON>/<OFF>
Под оваа точка од менито можете да ги вклучите/исклучите сигналните тонови. - <Време на исклуч.>
Во оваа точка од менито може да изберете временски интервал по кој мерниот уред автоматски ќе се исклучи ако не се притисне ниту едно копче. Исто така може да го деактивирате автоматското исклучување доколку ја изберете поставката <Никог.>. - <Бришење>
Под оваа точка од менито може да ги избришете сите датотеки што се во внатрешната меморија одеднаш. Притиснете на копчето со стрелка десно (8) за <Повеќе>, за да дојдете до подменито. Потоа притиснете или на левото функциско копче (13), за да ги избришете сите датотеки или на десното функциско копче (7), за да го прекинете процесот - <Информ.за уредот>
Во оваа точка од менито можете да повикате информации за мерниот уред. Таму ќе го најдете серискиот број на мерниот уред и инсталираната софтвер верзија.
За да излезете од менито и да се вратите до стандардниот екран за приказ, може да го притиснете и копчето Мерење (17).