Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
При дупчење, олабавете ја сопирачката за фиксирање (29) додека вртливиот крст (17) не може малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот крст, за да спречите неконтролирано излизгување на електричниот алат.
Дупчете во 1. брзина со помал број на вртежи, сè додека крунестата бургија не почне да се врти во материјалот без вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во 2. брзина.
Прилагодете го притисокот при дупчењето на материјалот. Дупчете со рамномерен притисок. Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од дијамантските сегменти.
Со вртливиот крст (17) спуштете го надолу електричниот алат на саканата длабочина на дупчење. Потоа вратете ја назад, додека крунестата бургија не излезе целосно.
За да се постигне максимално можна работна должина, мора да го извадите јадрото од дупчењето, штом ќе се наполни целосно крунестата бургија. Потоа одново водете ја крунестата бургија во дупката и дупчете додека не ја постигнете максималната длабочина.
Доколку крунестата бургија се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Во ваков случај веднаш исклучете го електричниот алат, за да избегнете изабување и вжештување на истиот.
Олабавете ја крунестата бургија со вртење со соодветен вилушкаст клуч налево или надесно. Внимателно извлечете го електричниот алат од издупчената дупка.
Доколку се надмине прагот на преоптоварување, електричниот алат почнува да пулсира. Намалете го притисокот, додека електричниот алат не се врати во нормала.
Доколку притисокот на дупчење не се намали, електричниот алат се исклучува. Потоа веднаш можете да го вклучите електричниот алат, но ќе треба да работите со помал притисок на дупчење.
Мокро дупчење: По дупчењето оставете ја водата да тече, за да ја исплакне нечистотијата помеѓу крунестата бургија и јадрото од дупчењето.
Доколку јадрото е заглавено во бургијата, удрете ја крунестата бургија со меко дрво или парче пластика и исфрлете го јадрото. По потреба истиснете го јадрото со едно стапче низ крајот за вметнување на крунестата бургија.
Напомена: Не удирајте со тврди предмети по крунестата бургија (опасност од деформација)!