Вметнување на електричниот алат
(види слика A)
Внимавајте сопирачката за фиксирање (29) да е затегната.
Олабавете ја завртката (18) на прифатот на уредот со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13 mm). Ставете го електричниот алат со стезното грло од горната страна до крај во прифатот за уред (19).
Свртете го електричниот алат во прифатот на уредот на тој начин што сите прекинувачи ќе бидат лесно достапни и приклучокот на системот за всисување на прав/ладење на вода на електричниот алат нема да го попречува процесот на дупчење. Затегнете ја завртката (18) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13 mm).
Поместете го вртливиот крст (17), во зависност од процесот на дупчење налево или надесно на запченикот за поместување (28).
- Проверете дали електричниот алат е добро прицврстен во прифатот за уредот.
За да го извадите електричниот алат од сталакот за дупчење постапете по обратен редослед.