Монтирање на заштитен уред
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Поставете ја заштитната хауба (6) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (6) според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба (6) со завртката за фиксирање (7).
- Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
Навртете ја дополнителната рачка (4) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
Дополнителната рачка за придушување на вибрациите овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (4).
- Во никој случај не ја менувајте дополнителната рачка.
Не ја користете оштетената дополнителна рачка.