Вметнување/замена на сечилото за пилата
- При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
- Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (28).
Повлечете го SDS-лостот (19) до крај кон нанапред и држете го таму. Вметнете го сечилото за пила (16) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (18).
Внимавајте при вметнувањето на сечилото за пила, тоа да поминува помеѓу запците на водилката на сечилото за пила (15).
- Проверете дали е стабилно сечилото за пила. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
За добар резултат од сечење, запците на водилката на сечилото за пила (15) колку што е можно поблиску да лежат на сечилото за пила (16), без да го заглавува сечилото за пила. За да го прилагодите растојанието до дебелината на сечилото за пила, можете да прилагодите еден забец на водилката за сечилото на пилата.
Поставете клучот со внатрешна шестаголна глава (26) во отворот за поставување (24) во основната плоча. Вртете го клучот со внатрешна шестаголна глава според ознаката покрај отворот за поставување (во правец на стрелките на часовникот: намалување на растојание; спротивно од стрелките на часовникот: зголемување на растојание). Проверете дали сечилото на пилата може да се движи слободно.