Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
По секоја употреба исчистете ги алатот за вметнување, додатокот за чекан GFA 12-H со прифатот за алат, отворите за вентилација на електричниот алат како и отворите за вентилација на батеријата.