Проверка и подесување на основните поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Поставете еден вертикален агол на закосување на сечилото за пила од 0°.
- Отстранете го заштитниот поклопец (6).
Проверка (види слика M1)
- Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на масата за сечење (17).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (33).
Подесување (види слика M2)
- Олабавете ја завртката (71). На тој начин ќе може да се помести 0°-граничникот (28).
- Олабавете го лостот за блокада (26).
- Поместувајте го рачното тркало (19) кон 0°-граничникот, додека кракот на аголното мерило не биде рамен по целата должина на сечилото за пила.
- Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (26).
- Повторно затегнете ја завртката (71).
Доколку по подесувањето агломерот (64) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (27), олабавете ја завртката (72) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја завртката (73); поместете го 45°-граничникот (25)). Притоа агломерот (64) не смее повторно да се поместува.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Отстранете го заштитниот поклопец (6).
Проверка
- Со молив означете го првиот лев забец на пилата, којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
- Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на работ на водечкиот жлеб (9).
- Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не ги допре означените запци на пилата и прочитајте го растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот жлеб.
- Вртете го сечилото за пила додека означениот забец не застане однапред над додатокот за маса.
- Поместувајте го аголното мерило по должина на водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
- Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за пила и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Подесување
- Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава (74) напред под масата за сечење и завртките со внатрешна шестаголна глава (75) назад под масата за сечење со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (37).
- Внимателно движете го сечилото за пила додека не дојде паралелно со водечкиот жлеб (9).
- Повторно затегнете ги сите завртки (74) и (75).
- Позиционирајте го паралелниот граничник десно од сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека ознаката на лупата (68) не покаже на долната скала 33 cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната дршка (51) надолу. - Повлечете ја затезната рачка (18) целосно нагоре и извлечете го проширувањето на масата за сечење (11) нанадвор до крај.
Проверка
Показателот на растојание (69) на горната скала (1) мора да покажува идентична вредност како ознаката на лупата (68) на долната скала (1).
Подесување
- Повлечете го проширувањето на масата за сечење (11) нанадвор до крај.
- Олабавете ја завртката (76) со крстест одвртувач и насочете го показателот на растојание (69) по должина на 33-cm ознаката на горната скала (1).
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Отстранете го заштитниот поклопец (6).
- Олабавете ја затезната дршка (51) на паралелниот граничник и поместувајте ја додека не го допре сечилото за пила.
Проверка
Паралелниот граничник (8) мора да го допира сечилото за пила по целата должина.
Подесување
- Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава (77) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (37).
- Внимателно поместувајте го паралелниот граничник (8), додека не го допре сечилото за пила по целата должина.
- Држете го паралелниот граничник во оваа позиција и повторно притиснете ја затегнувачката дршка (51) надолу.
- Повторно цврсто затегнете ги завртките со внатрешна шестаголна глава (77).
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Отстранете го заштитниот поклопец (6).
- Поместувајте го паралелниот граничник (8) од десната страна додека не го допре сечилото за пила.
Проверка
Ознаката на лупата (68) мора да биде во една линија со 0-mm ознаката на скалата (1).
Подесување
- Олабавете ја завртката (78) со крстест одвртувач и центрирајте го показателот на агли по должина на 0-mm ознаката.
Проверка
Предната страна на додатокот за маса (32) мора да биде во рамна линија со или малку под масата за сечење, а задната страна мора да биде во рамна линија или малку над масата за сечење.
Подесување
- Извадете го додатокот за маса (32).
- Со клучот со внатрешна шестаголна глава (37) подесете го правилното ниво на четирите завртки за подесување (79).