Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика D)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од -1° до 47°.
- Олабавете го лостот за блокада (26) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.
- Повлечете го или притиснете го рачното тркало (19) по должина на кулисата, додека агломерот (64) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно затегнете го лостот за блокада (26).
За брзо и прецизно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((28), (25)).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика E)
Напомена: За регенерирачко сечење (долг клин) користете соодветни уреди.
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 60° (на левата страна) до 60° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (65), доколку е затегнато.
- Свртете го аголниот граничник додека агломерот (66) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (65).
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонални агли на закосување на аголниот граничник (3) завртки-граничници за агли од 45° (од лева, десна страна) и 0°.
- Отпуштете го копчето за фиксирање (65), доколку е затегнато.
- Свртете го лимот за подесување (67) кон надвор.
- Свртете го аголниот граничник на тој начин што навојот на саканата завртка-граничник ќе биде десно од лимот за подесување.
- Свртете го лимот за подесување (67) кон внатре и свртете го аголниот граничник додека навојот на завртката граничник не налегне на лимот за подесување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (65).