Транспортна и работна позиција на сечилото за пила
Транспортна позиција
- Отстранете го заштитниот поклопец (6) и додатокот за маса (32) и позиционирајте го клинот за разделување (7) во најдолната позиција. Повторно ставете го додатокот за маса (32).
- Свртете ја курблата (20) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека запците на сечилото за пила (33) не се најдат под масата за сечење (17).
- Вметнете го проширувањето за маса за сечење (11) целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (18) надолу. На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата за сечење.
Работна позиција
- Позиционирајте го клинот за разделување (7) во најгорната позиција точно над средината на сечилото за пила, вметнете го додатокот за маса (32) и монтирајте го заштитниот поклопец (6).
- Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на часовникот, додека запците на сечилото за пила (33) не се најдат над делот за обработување околу 3 − 6 mm.