Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
- За да избегнете опасност од пожар при сечење на алуминиум, испразнете го исфрлувачот на струготини и долниот поклопец за сечилото за пила и не користете всисувач на струготини.
Употребете го испорачаниот адаптер за всисување (41), за да приклучите всисувач за прав на исфрлувачот на струготини (40).
- Прицврстете го адаптерот за всисување (41) и цревото на всисувачот за прав.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини можете да го отворите долниот поклопец на сечилото за пила (57).
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Електричниот алат навалете го на страна.
- Олабавете ги двете завртки за прицврстување на подната плоча (45) со клучот со внатрешна шестаголна глава (37) и отворете го долниот полклопец.
- Олабавете ја завртката за прицврстување (58) и отворете го долниот поклопец на сечилото за пила (57).
- Отстранете ги искршените делови од делот што се обработува и струготините.
- Затворете го долниот поклопец на сечилото за пила и повторно завртете го.
Повторно завртете ја подната плоча. - Подесете го електричниот алат во работна позиција.