Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
Листа на обемот на испорака
- Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (33) и клин за расцепување (7)
- Аголен граничник (3)
- Профилна шина (34)
- Сет за прицврстување „Профилна шина“ (55) (водечки лим, назабена навртка, завртка, подлошка)
- Паралелен граничник (8)
- Дополнителен паралелен граничник (52)
- Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (39) (3 завртки за прицврстување, 3 подлошки, 3 пеперутка-навртки)
- Заштитен поклопец (6)
- Продолжеток за маса (10)
- Сет за прицврстување „Продолжеток за маса“ (43) (2 завртки за прицврстување, 2 подлошки, 1 вилушкаст клуч)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (37)
- Прстенест клуч (15)
- Поклопец за депото за сечилото за пила (14)
- Подвижна водечка летва (13)
- Додаток за маса (32)
- Адаптер за всисување (41)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.