Замена на платнената филтер вреќичка (суво всисување)

За суво всисување во согласност со класата на прав M мора да вметнете платнена филтер вреќичка (36).

Доколку се всисаат материјали без или со гранична вредност на изложеност ≥ 1 mg/m3 (во согласност со класата на прав L), може да се всисаат директно во контејнерот.

Напомена: Исклучете ја функцијата за автоматско чистење на филтерот кога ја користите платнената филтер вреќичка види Автоматско/рачно чистење на филтерот (види слика L).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

Вметнување/отстранување платнена филтер вреќичка (види слики FG)

Отворете ги затворачите (19) и извадете го горниот дел на всисувачот (16).

За вметнување приклучете ја платнената филтер вреќичка (36) на држачот за платнената филтер вреќичка (35) и ставете ја платнената филтер вреќичка (36) со држачот за платнената филтер вреќичка (35) во садот (1).

За отстранување, затворете го отворот на целосната платнена филтер вреќичка со повлекување на затворачот. Извлечете ја затворената платнена филтер вреќичка (36) од држачот за платнената филтер вреќичка (35) и извадете ја од всисувачот.

Вметнете го повторно горниот дел од всисувачот (16) и со затворање на капаците (19) поврзете го садот (1) со горниот дел од всисувачот (16).