Промена на алат (види слика A)
- Свртете ја погонската единица со рачната курбла (4) целосно нагоре.
- Осигурете се алатите за вметнување да не се масни.
- Вметнете ја иглата за исфрлување (26) во крунеста бургија (27) (за TCT и HSS крунести бургии потребни се игли за исфрлување со различни дијаметри).
- Вметнете ја крунестата бургија со иглата за исфрлување во адаптерот за крунеста бургија (22) и затегнете ги завртките со клуч со внатрешна шестаголна глава (6 mm) (25).
По можност користете крунеста бургија со Weldon-прифат. - Ставете го адаптерот за крунеста бургија во прифатот за алат (12).
- Поврзете го цревото за средство за ладење (37) со приклучните млазници на адаптерот за крунести бургии.
Алат со морзе конус MK2:
- Ставете го алатот директно во прифатот за алат (12).
Алат со морзе конус MK1:
- Вметнете го алатот директно во редуцирната чаура (MK2/MK1) (30).
- Вметнете ја редуцирната чаура со ставен алат во прифатот за алат (12).
Алат со цилиндричен прифат:
- Навртете ја запчестата глава за дупчење (32) на конусната чивија (33) и вметнете го алатот.
- Вметнете ја конусната чивија со навртена запчеста глава за дупчење во прифатот за алат (12).
- Осигурете се, дека алатот е безбедно вклопен.
- При вметнувањето на морзе конусот одн. конусната чаура не употребувајте сила. Ова може да доведе до оштетувања на прифатот за алат и вметнатиот алат.
Користете го соодветниот адаптер за навојна бургија (23) за дупчење со навојна бургија.
- Ставете ја навојната бургија (24) во адаптерот (23).
- Вметнете го адаптерот (23) со вметната навојна бургија (24) во адаптерот за крунести бургии (22) и прицврстете го со клуч со внатрешна шестаголна глава (6 mm) (25).
- Ставете го адаптерот за крунеста бургија (22) во прифатот за алат (12).
- Вметнете го MK2-клинот за исфрлање (34) во отворот (13), така што закосениот раб ќе покажува надолу.
Доколку клинот за исфрлање (34) не може да се вметне низ погонското вретено, свртете го малку алатот што се вметнува. - Притиснете го клинот за исфрлање (34) во уредот со помош на чекан и олабавете го алатот што се вметнува од прифатот за алат.