Дополнителна рачка (види слика A)
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (5).
- Пред да извршите било што, проверете дали е зацврстена дополнителната рачка. Губењето на контролата може да доведе до повреди. Ако дополнителната рачка веќе не може да се движи во правец на оската за дупчење, значи дека таа е доволно цврсто затегната.
Дополнителната рачка (5) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (5) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (5) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (5) во правец на стрелките од часовникот.