Контрола на точноста на мерниот уред
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
- Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
- Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ).
- Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
- Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се нивелира.
- Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
- Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на ѕидот A, така што вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе означената точка Ⅰ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на ѕидот A (точка Ⅲ).
- Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максималното дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 3 mm.
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 × 5 m.
- Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу ѕидовите A и B на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Изберете го хоризонталниот режим со автоматика за нивелирање и нивелирајте го мерниот уред.
- На 2,5 m растојание од мерниот уред, на двата ѕида означете ја средината на ласерската линија (точка Ⅰ на ѕидот A и точка Ⅱ на ѕидот B).
- Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5 m растојание и оставете го да се нивелира.
- Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
- На ѕидот A обележете ја средината на ласерската линија како точка Ⅲ (вертикално над или под точката Ⅰ).
- Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m го дава максималното дозволено отстапување:
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 3 mm.
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.
- Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Изберете го режимот на вкрстени линии со автоматиката за нивелирање. Насочете ја вертикалната ласерска линија на отворот од вратата и оставете го мерниот уред да нивелира.
- Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка Ⅲ).
- Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ.
- Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ.
- Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
- Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата × 0,3 mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ±0,3 mm/m = ±1,2 mm. Точките Ⅲ и Ⅳ смеат да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот и плафонот.
- Монтирајте го мерниот уред на ротирачката платформа (16) и поставете го на подот. Изберете го вертикалниот режим со автоматика за нивелирање и нивелирајте го мерниот уред.
- Означете ја средината на горната точка на вкрстување на ласерските линии на плафонот (точка Ⅰ). Освен тоа, обележете ја средината на точката на вертикала на подот (точка Ⅱ).
- Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на тој начин, што средината на долната точката на вертикала ќе лежи на веќе обележаната точка Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на горната точка на вкрстување на ласерските линии (точка Ⅲ).
- Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,6 mm/m.
Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m максималното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ±0,6 mm/m = ±6 mm. Точките Ⅰ и Ⅲ смеат да лежат најмногу 6 mm една од друга.