Мерни функции
- Притиснете го копчето , за да го отворите менито Функции.
- Изберете го мерењето на должини и потврдете го изборот со копчето .
- Кратко притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
- Притиснете го копчето за да го започнете мерењето.
- Мерната вредност ќе се прикаже долу на екранот во редот со резултати (f).
- За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори.
При повеќе мерења на должини едно по друго, резултатите на последните мерења се прикажуваат во редовите со мерна вредност (e). Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн.
При континуирано мерење, мерната вредност постојано се ажурира. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо.
- Притиснете го копчето , за да го отворите менито Функции.
- Изберете континуирано мерење и потврдете го изборот со копчето .
- Ласерот постојано е вклучен.
- Движете го мерниот уред додека не се прикаже бараното растојание на екранот.
- Континуираното мерење може да го прекинете така што кратко ќе го притиснете копчето .
- Повторно притиснете го копчето за да го продолжите континуираното мерење.
Актуелната измерена вредност се прикажува зголемено за подобра читливост.
Континуираното мерење автоматски се исклучува по 4 min.
- Притиснете го копчето , за да го отворите менито Функции.
- Изберете го мерењето на површини и потврдете го изборот со копчето .
- Кратко притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
- Притиснете го копчето за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
- Притиснете го копчето за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (f). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (e).