Промена на алат
Капакот за заштита од прав (1) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Со SDS max прифатот за алат можете едноставно и лесно, без користење на дополнителни алати, да го замените алатот што се вметнува.
- Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
- Притиснете ја чаурата за заклучување (2) наназад и поставете го алатот за вметнување вртејќи во прифатот за алат. Повторно отпуштете ја чаурата за заклучување (2) за да го фиксирате алатот за вметнување.
- Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
- Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.