Приказ за наполнетост на батеријата

При вметната акумулаторска батерија, состојбата на наполнетост можете да ја видите на приказот за состојба на наполнетост на батеријата (4) на всисувачот, а при извадена батерија можете да ја видите на самата акумулаторска батерија.

Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на всисувачот

По вклучувањето на всисувачот, одделно зголемено и намалено светнуваат петте зелени LED-светилки на приказот за состојбата на наполнетост на батеријата (4). Потоа LED-светилките ја прикажуваат состојбата на наполнетост на батеријата (20).

Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на акумулаторската батерија

Ако ја извадите акумулаторската батерија од всисувачот, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED-светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Тип на батерија GBA 18V...

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 3× зелено

60−100 %

Трајно светло 2× зелено

30−60 %

Трајно светло 1× зелено

5−30 %

Трепкаво светло 1× зелено

0−5 %

 

Тип на батерија ProCORE18V...

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 5× зелено

80−100 %

Трајно светло 4× зелено

60−80 %

Трајно светло 3× зелено

40−60 %

Трајно светло 2× зелено

20−40 %

Трајно светло 1× зелено

5−20 %

Трепкаво светло 1× зелено

0−5 %