Работа со батерии
За да се префрлите од литиум-јонски батериски пакет (9) на обични батерии, извадете го литиум-јонскиот батериски пакет (9).
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Ставете го поклопецот на преградата за батерии (12) и фиксирајте го.
Доколку батериите се слаби, ласерските зраци трепкаат бавно околу 1 минута.
Ако батериите се празни, ласерските линии ќе трепкаат брзо околу 10 секунди и потоа мерниот алат ќе се исклучи.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.