Ставање во употреба

Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) изберете го начинот на работа на електричниот алат.

  • За промена на режимот на работата свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во саканата позиција „Дупчење“.

Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за Завртување

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7)не се вклопува.

Позиција за Длетување

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (10) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат.

Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.

  • Тек на десно: свртете го прекинувачот за правец на вртење (10) до крај во позиција .
  • Тек на лево: свртете го прекинувачот за правец на вртење (10) до крај во позиција .

  • За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и држете го притиснат.
  • За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во позиција „Vario-Lock“.
  • Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
  • Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.