Монтирање на опремата за всисување (види слика A)

Всисното црево (29) е опремено со систем на вклопување, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (комбиниран адаптер за всисување (25), заоблена млазница (31), комбинирана млазница за четка (24)).

  • Ставете ја свитканата млазница (31) на цревото за всисување (29), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (35) на цревото за всисување.
  • За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (35) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.

  • По потреба цврсто вметнете ги цевките за всисување (30) една во друга и потоа на свитканата млазница (31).
  • Прикачете ја подната млазница (23) цврсто на всисната цевка (30) или на свитканата млазница (31).

Комбинираниот адаптер за всисување (25) се состои од PowerTool адаптер (преден дел) (36) и PowerTool адаптер (заден дел) (37).

Комбинираниот адаптер за всисување (25) е компатибилен со Bosch електрични уреди.

PowerTool адаптерот (заден дел) (37) може да се користи за електрични алати од други производители благодарение на неговиот внатрешен дијаметар од 38,5 mm и надворешен дијаметар од 45 mm.

Приклучете го PowerTool адаптерот (преден дел) (36) на PowerTool адаптерот (заден дел) (37) и поврзете ги двата адаптери со вртење во спротивна насока (види слика B).

Приклучете го комбинираниот адаптер за всисување (25) на всисното црево (29), додека звучно не се вклопат двете копчиња на притискање (35) на всисното црево.

За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (35) навнатре и извлечете го комбинираниот адаптер за всисување од всисното црево.

За да ги исклучите двата адаптери, олабавете ја врската со вртење во спротивни насоки и извлечете ги адаптерите.

Приклучете го комбинираната млазница за четка (24) на всисното црево (29), додека звучно не се вклопат двете копчиња на притискање (35) на всисното црево.

За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (35) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.

Комбинираната млазница за четка (24) може да се користи како млазница за фуги или четка.

Притиснете го копчето за отклучување (38) и турнете ја четката нанапред, за да ја користите комбинираната млазница за четка (24) како четка.

Притиснете го копчето за отклучување (38) и повлечете ја четката наназад, за да ја користите комбинираната млазница за четка (24) како млазница за фуги.