Отстранување на пречки

Проблем

Помош

Турбината за всисување не работи.

Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот, приклучницата и сензорите за наполнетост (45).

Главниот прекинувач (2) е на „Старт/Стоп автоматика“.

Главниот прекинувач (2) поставете го на ознаката „Всисување“ одн. вклучете приклучениот електричен алат на приклучницата (4).

Турбината за всисување се исклучува.

При влажно всисување трепкаат LED приказите A и M бавно и истовремено.

Испразнете го садот (1).

При суво всисување трепкаат LED приказите A и M брзо и истовремено: активирана е заштитата од преоптоварување на приклучницата на всисувачот.

Исклучете го електричниот алат.

Всисувачот се исклучува.

Преоптоварување на всисувачот поради надминување на максималниот напон на приклучницата на всисувачот: Се активира осигурувачот за заштита на моторот.

Однесете го всисувачот во овластена сервисна служба на Bosch.

Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот.

Исклучете го всисувачот и почекајте 5 s, по 5 s повторно вклучете го.

Сензорите за нивото на наполнетост (45) како и нивниот меѓу-простор (45) исчистете ги со четка.

Се губи силата на всисување.

Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, всисната цевка, всисното црево (29) или рамниот набран филтер (34).

Заменете ја пластичната ќеса (32)/платнената филтер вреќичка (40).

Правилно поставете го поклопецот за филтерот (43).

Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (12) и затворете ги затворачите (15).

Заменете го набраниот филтер (34).

Излегува прав при всисувањето

Проверете дали рамниот набран филтер (34) е правилно монтиран.

Заменете го набраниот филтер (34).

Автоматиката на исклучување (всисување на влажни материи) не реагира.

Сензорите за нивото на наполнетост (45) како и нивниот меѓу-простор (45) исчистете ги со четка.

Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.

Автоматското чистење на филтерот не работи.

Префрлете се во рачен режим со притискање на копчето за рачно чистење на филтерот (7).

Ако проблемот продолжи, контактирајте со овластена сервисна служба на Bosch.

Рачното чистење на филтерот не може да се активира.

Активирана е заштитата од прегревање на всисувачот.

10-кратното непрекинато притискање на копчето за рачно чистење на филтерот (7) ја активираше заштитата од прегревање. Заштитата од прегревање автоматски се деактивира по 20 s.

30-кратното непрекинато притискање на копчето за рачно чистење на филтерот (7) ја активираше заштитата од прегревање. Заштитата од прегревање автоматски се деактивира по 4 min.

Ако проблемот продолжи, контактирајте со овластена сервисна служба на Bosch.

Автоматското чистење на филтерот не се активира.

Контактирајте со овластената сервисна служба на Bosch.