Поставување/вадење на пластичната ќеса (всисување суви материи) (види слика F)

Отворете ги двата затворачи (15) и извадете го горниот дел на всисувачот (12).

За всисување суви материи, ставете ја пластичната ќеса (32) во садот (1).

Ставете ја пластичната ќеса (32) со отворот за полнење нагоре во садот (1).

Проверете дали пластичната ќеса (32) е целосно налегната на внатрешните ѕидови на садот (1).

Поставете го остатокот од пластичната ќеса (32) преку работ на садот (1). Проверете дали крајната линија на пластичната ќеса е на работ на садот и дали отворите за излез на воздух (33) остануваат во садот.

Поставете го горниот дел од всисувачот (12) повторно и затворете го всисувачот со затворачите (15).

Затворете ја пластичната ќеса пред да ја извадите. Држете ја ќесата горе и употребете лента за да ја заврзете ќесата.