Совети при работењето
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се одредува со изборот на брусен лист како и претходно избраниот број на осцилации .
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат. Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и предвремено откажување на брусната плоча.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.