Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

За брусење се препорачува да се приклучи електричниот алат со всисувач. Електричниот алат нема сопствен вентилатор; не може да се користат ќеси за прав.

Надворешно всисување

Приклучете ја цевката за всисување (опрема) директно на цевката за издувување (3) или директно на млазниците за издувување (4) на електричниот алат.

Напомена: Цевката за издувување (3) е изработена од антистатички материјал. Со дополнителното користење на антистатичко црево за издувување (опрема) се спречува електростатичкото полнење на уредот, коешто може да настане во ретки случаи за време на брусењето.

При работење без всисување на прав (на пр. полирање) извадете ја цевката за издувување (3). За тоа притиснете го копчето за отклучување (15) и цевката за издувување (3) извадете ја наназад од електричниот алат.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.