Управување преку апликацијата

Електричниот алат може да се опреми со Bluetooth®-модул GCY 42 / GCY 42 NC којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).

За да може да го користите електричниот алат преку Bluetooth® потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch Toolbox“. Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).

Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools“. Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.

Откако ќе се воспостави врска со крајниот уред, на располагање се следните функции: