Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) наназад надолу и потоа ослободете го.
- Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.