Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Ова радио не е предвидено за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или ментални способности или недоволно искуство и знаење. Ова радио може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со радиото и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со радиото.
- Полнете само Bosch литиум-јонски батерии или батерии од AMPShare-партнерот со капацитет од 1,5 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на радиото. Полнете само батерии за повторно полнење. Инаку постои опасност од пожар и експлозија.
- Одржувајте ја чистотата на радиото. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот или AMPShare-партнерот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Пред секое користење, проверете го радиото, кабелот и приклучокот. Не го користете радиото, доколку забележите оштетувања. Не ги отворајте сами радиото и приклучокот и оставете ги на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетеното радио, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
- Мрежниот приклучок мора да одговара на приклучницата. Приклучокот не смее во никој случај да се замени. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со радијата. Неменувањето на прекинувачот и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од електричен удар.
- Не го користите кабелот за други намени, како на пример, за да го носите радиото, за да го закачите или да го влечете приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижните делови на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Држете го мрежниот приклучок подалеку од дожд или влага за време на работата на струја. Контактот со вода или влага го зголемува ризикот од електричен удар или краток спој. |
- Поставете го радиото на умерена јачина на звук за подолги периоди на употреба. Големата јачина на звук во подолг временски период може да доведе до оштетување на слухот.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.
- Заштитете го радиото од директен контакт со вода. Навлегувањето на вода во радиото го зголемува ризикот од електричен удар.
- Држете го капакот за преградата за батерии и заштитното капаче на преградата за приклучокот што е можно позатворени. Затворените капаци го штитат радиото од вода и прав.