Пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound
Ако аудио изворот се репродуцира преку Bluetooth® или AUX, оваа репродукција може да се пренасочи на други уреди со функцијата Multi-Speaker Sound (на пр. GPB 18V‑6 C).
- За започнување на преносот преку Multi-Speaker Sound притиснете го копчето за поставки (9) и изберете <Start Multi‑Speaker Stream> (стартување на Multi-Speaker Stream).
- На екранот се појавува <Start Multi‑Speaker Stream?> (Дали сакате да го стартувате Multi-Speaker Stream?). Со <Yes> (Да) може да го започнете преносот или со <No> (Не) да се вратите без промена.
Кога работи Multi-Speaker Stream се појавува приказот за пренос на Multi-Speaker Sound (f) на екранот.
Ако аудио изворот што се репродуцира е променет (на пр. од Bluetooth® на AUX), преносот преку Multi-Speaker Sound продолжува.
- За прекинување на преносот преку Multi-Speaker Sound притиснете го копчето за поставки (9) и изберете <End Multi-Speaker Stream> (прекинување на Multi-Speaker Stream).
- На екранот се појавува <End Multi-Speaker Stream?> (Дали сакате да го прекинете Multi-Speaker Stream?). Со <Yes> (Да) може да го прекинете преносот или со <No> (Не) да се вратите без промена.