Репродукција/управување на надворешни аудио извори преку Bluetooth®
Изберете <Bluetooth> како аудио извор. Може и накратко да го притиснете копчето Bluetooth® (7).
- Повторно воспоставување врска: започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постоечката врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор. За таа цел, притискајте на копчето Bluetooth® (7) подолго од 0,5 s.
За време на пребарувањето, симболот Bluetooth® трепка на мултифункционалниот приказ (l) со брзо темпо.
Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува како достапен извор под името GPB 18VH‑6 SRC xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.
- Повторно поврзување: ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Додека се воспоставува врската, симболот Bluetooth® трепка на мултифункционалниот приказ (l) бавно.
Ако зачуваниот аудио извор не е достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2 минути.
- Повторно воспоставување на претходна врска: Радиото ги меморира последните 5 уреди поврзани преку Bluetooth®. За да воспоставите врска со еден од овие уреди, свртете го копчето OK (8) и изберете го саканиот извор на аудио.
Напомена: Ако е поврзан нов уред, уредот што бил прв зачуван се брише од списокот со избор.
Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и се појавува симболот во приказот за аудио извор (e). Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува и симболот се гаси.
Името на уредот поврзан преку Bluetooth® се прикажува во горната линија од мултифункционалниот приказ (l). Во долниот дел се прикажува пренесениот текст од поврзаниот уред.
Започнете ја репродукцијата на аудио изворот. Аудио изворот може да се контролира и преку радио:
- За да изберете наслов, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (10) одн. копчето за пребарување наназад (12) додека не стигнете до саканиот наслов.
- За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го копчето за јачина на звук (5). На екранот се појавува приказот пауза (b).
- За да ја продолжите репродукцијата, притиснете го повторно копчето за јачина на звук (5) и свртете го.
- За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (10) одн. копчето за пребарување наназад (12) додека не стигнете до саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се притисне едно од копчињата за зачувување на програмата (6), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.