Поставување/зачувување на FM-радиостаница
Изберете <FM> како аудио извор. Се репродуцира последната поставена FM фреквенција.
Фреквенцијата и името на станицата се појавува во горната линија на мултифункционалниот приказ (l), во долната линија се прикажува содржината што ја пренесува радио станицата.
- За промена на фреквенцијата свртете го копчето OK (8), додека на екранот не се прикаже саканата фреквенција.
- За пребарување на следната станица со повисока јачина на сигнал кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (12) или копчето за пребарување нанапред (10). Следната пронајдена станица се прикажува на екранот и се репродуцира.
- За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма (6) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (g).
- За репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (6). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (g).