Режим на аудио
За вклучување на звучникот, притискајте на копчето за вклучување/исклучување (6), додека LED светилките на приказот за статус (11) не светат кратко наизменично. Состојбата на наполнетост на батеријата накратко се прикажува при напојување преку батеријата.
За исклучување на звучникот, притискајте на копчето за вклучување/исклучување (6), додека LED светилките на приказот за статус (11) не светат кратко наизменично и потоа не се изгасат.
Звучникот автоматски се исклучува по 20 минути ако во ова време не може да се воспостави врска преку Bluetooth® или Multi-Speaker Sound и не се репродуцира преку други медиуми (или репродукцијата е паузирана).
Со притискање на копчето за зголемување на јачината на звукот (4) или за намалување (3) може да ја регулирате јачината на звукот. По вклучувањето на звучникот секогаш се поставува мала јачина на звук.
Звучникот ги има следниве аудио функции:
- Репродукција од уреди поврзани со Bluetooth® (стандардно поставено)
- Репродукција на USB-медиум за складирање преку излезниот приклучок за надворешни уреди (16)
- Репродукција преку Multi-Speaker Sound
- Пренос на тековната репродукција (Bluetooth® или USB) преку Multi-Speaker Sound на друг уред со оваа функција
Ако е со соодветна големина, може да го складирате поврзаниот уред (на пр. паметен телефон) во жлебот на рачката за носење (1).
Напомена: имајте предвид дека уредите кои се премногу мали или премногу големи може да испаднат од жлебот.
Тековната аудио функција може да се види на средната LED светилка на приказот за статус (11):
- сина боја: репродукција на Bluetooth® сигнал
- светло сина: репродукција на Multi-Speaker Stream
- виолетова боја: пренос на тековната репродукција преку Multi-Speaker Sound
- LED исклучено: репродукција на USB-медуиум за складирање
По вклучување на звучникот, репродукцијата преку Bluetooth® е стандардно поставена. За да се префрлите од друга аудио функција на Bluetooth®, кратко притиснете го копчето Bluetooth® (5).
- Повторно воспоставување врска: започнете пребарување на врска ако не е достапен зачуван аудио извор или ако постоечката врска со аудио извор преку Bluetooth® е прекината и треба да се бара нов аудио извор. За таа цел, притискајте на копчето Bluetooth® (5) подолго од 0,5 s.
За време на пребарувањето, трепка средната LED светилка на приказот за статус (11) брзо во сина боја.
Активирајте ја новата врска преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Звучникот се појавува како достапен уред под името GPB 18V‑6 C xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.
- Повторно поврзување: ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор преку (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. За време на воспоставувањето на врска, трепка средната LED светилка на приказот за статус (11) бавно во сина боја.
Ако зачуваниот аудио извор не е достапен, пребарувањето за поврзување автоматски се започнува по 2 минути.
Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и средната LED светилка на приказот за статус (11) свети постојано во сина боја.
Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20 минути.
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува преку звучник:
- За да изберете наслов, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканиот наслов.
- За да ја стартувате репродукцијата, да ја прекинете или да ја продолжите, притиснете на копчето за репродукција/пауза (10).
- За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканото место во насловот.
За репродукција преку USB-приклучокот, отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17). Вметнете го USB медиумот за складирање (на пр. стик) во надворешниот приклучок за надворешни уреди (16) на звучникот.
Звучен сигнал се огласува кога е вметнат USB медиум за складирање. Ако медиумот за складирање не може да се прочита, звучникот се префрла на стандардната аудио функција (репродукција преку Bluetooth®).
Аудио изворот поврзан преку USB може да се управува и преку звучник:
- За да изберете наслов, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканиот наслов.
- За да ја стартувате репродукцијата, да ја прекинете или да ја продолжите, притиснете на копчето за репродукција/пауза (10).
- За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (9) одн. копчето за пребарување наназад (8) додека не стигнете до саканото место во насловот.
- За да започнете или прекинете случајна репродукција, притиснете ги копчињата за пребарување нагоре (9) и надолу (8) истовремено.
Напомена: стандардно, MP3-датотеките се читаат и репродуцираат од најгорното ниво на датотека или од најгорната папка на медиумот за складирање. Датотеките што се зачувани во потпапки можеби нема да можат да се читаат. Форматите на датотеки освен MP3 не се репродуцираат.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17), ако го отстранувате USB-медиумот за складирање.
За да се префрлите од друг аудио извор за репродукција преку Multi-Speaker Sound, кратко притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound (7). За време на воспоставувањето на врска, трепка средната LED светилка на приказот за статус (11) во светло сина боја. Ако врската е успешно воспоставена, се огласува зголемувачки звучен сигнал и средната LED светилка свети во светло сина боја.
Ако врската е прекината или завршена, се огласува звучен сигнал кој се намалува. Звучникот автоматски се исклучува по вкупно 20 минути.
Ако аудио изворот се репродуцира преку Bluetooth® или преку USB-приклучок, оваа репродукција може да се пренасочи на други уреди со функцијата Multi-Speaker Sound (на пр. GPB 18VH‑6 SRC). За таа цел притискајте на копчето за Multi-Speaker Sound (7) подолго од 0,5 s. За потврда, свети средната LED светилка на приказот за статус (11) во виолетова боја и се огласува звучен сигнал.
За прекинување на преносот преку Multi-Speaker Sound, притиснете го копчето за Multi-Speaker Sound (7) подолго од 0,5 s. За потврда се огласува звучен сигнал. Multi-Speaker Sound се завршува, кога го менувате аудио изворот што се репродуцира (на пр. од Bluetooth® на USB-медиум за складирање).