Работа со литиум-јонска акумулаторска батерија (опрема) (види слика A)

Bosch продава батериски звучник без акумулаторска батерија. Од пакувањето може да дознаете дали со вашиот звучник е вклучена батерија.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Отворете ја рачката за заклучување (14) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (13).

При користење на батерија од 18 V турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (21), додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 18 V повлечете ја рачката за отклучување на батеријата (22), така што батеријата ќе се отклучи и извади. Притоа не употребувајте сила.

При користење на батерии од 10,8 V или 12 V турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (18), додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 10,8 V или 12 V притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија (19) и извлечете ја батеријата од прифатот за батерии. Притоа не употребувајте сила.

Затворете го капакот за преградата за батерии (13) и заклучете го.