Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Монтирање на заштита од струготини за глодалката за рабови/адаптерот за всисување (видете слики N–O)
Заштитата од струготини са глодалката за рабови (30) и адаптерот за всисување (32)/(33) може да се користат во комбинација со тркалезната основна плоча (7) и опционалните основни плочи во форма на квадрат и форма на „D“ (опрема).
Заштитата од струготини за глодалките за рабови (30) е наменета за употреба во комбинација со адаптерот за всисување за глодалки за рабови (32). На овој начин, се обезбедува максимално всисување на прав кај глодалките за рабови.
Монтирајте ја заштитата од струготини за глодалките за рабови (30) со испорачаната завртка и вклопете ја во корпата за глодање (2) така што ќе се слушне вклопувањето.
Приклучување на всисувач за прав
Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување. Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав (опрема).
Всисувачот за прав мора да е соодветен за материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.