Отстранување на пречки

Проблем

Помош

Турбината за всисување не работи.

  • Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот, приклучницата и сензорите за наполнетост (35).

Прекинувачот за избор на режим на работа (5) стои на „Старт/Стоп автоматика“.

  • Поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (5) на ознаката „Всисување“ одн. вклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (3).

Турбината за всисување се исклучува.

  • Испразнете го садот (1).

Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот.

  • Исклучете го всисувачот и почекајте 5 секунди, по 5 секунди повторно вклучете.
  • Сензорите за состојба на наполнетост (35) како и нивниот меѓу-простор (35) исчистете ги со четка.

Се губи силата на всисување.

  • Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката за всисување (29), цревото за всисување (21) или набраниот филтер (24).
  • Заменете ја вреќичката за отпад (23) или ќесата за прав.
  • Правилно поставете го капакот за филтерот (34).
  • Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (8) и затворете ги капачињата (9).
  • Заменете го набраниот филтер (24).

Излегува прав при всисувањето

  • Проверете дали набраниот филтер (24) е правилно монтиран.
  • Заменете го набраниот филтер (24).

Автоматиката на исклучување (всисување на влажни материи) не реагира.

  • Сензорите за состојба на наполнетост (35) како и нивниот меѓу-простор (35) исчистете ги со четка.

Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена не функционира автоматиката на исклучување.

  • Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.

Чистењето на филтерот не работи.

  • Притиснете го SFC+-прекинувачот (18) наназад (позиција I).