Ставање во употреба

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат.

Светлото (26) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (4) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.