Ставање/менување на сечилото за кружната пила

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство.

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.

  • Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и држете го притиснато.
  • Копчето за блокирање на вретеното (6) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
  • Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) одвртете ја затезната завртка (25) во правец на вртење ➊.
  • Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (21) и држете го цврсто.
  • Извадете ја стезната прирабница (24) и сечилото за пилата (23) од вретеното на пилата (20).

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.

  • Исчистете го сечилото за пила (23) и сите стезни делови што се монтираат.
  • Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (21) и држете го цврсто.
  • Поставете го сечилото за пила (23) на приклучната прирабница (22). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на заштитниот капак (21).
  • Поставете ја стезната прирабница (24) и затегнете ја затезната завртка (25) во правец на вртење ➋. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (22) и стезната прирабница (24).
  • Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и држете го притиснато.
  • Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) затегнете ја стезната завртка (25) во правец на вртење ➋. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.