Складирање и транспорт (види слика K)
- Извадете ја полната вреќичка со отпад одн. полната безбедносна филтер вреќичка или испразнете ги насобраните течности пред транспортот на всисувачот, за да избегнете повреди во грбот.
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (17).
- Прикачете ја опремата на соодветните држачи: цевката за всисување (33) во држачите (20), млазницата за фуги (29) во држачот (21), подната млазница (32) во држачот (22).
- Отворете ги еластичните ленти на држачот на цревото за всисување (4) и поставете го цревото за всисување (25) на горниот дел на всисувачот во држачот (4).
Повторно закачете ги еластичните ленти. - Носете го всисувачот само за рачката за носење (10).
- Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
- За да ги фиксирате тркалцата (16) притиснете ја кочницата на тркалцата (15).