Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. | |
Всисувач од класата на прав H според IEC/EN 60335-2-69 за всисување на суви материи од штетен прав со гранична вредност на изложеност < 0,1 mg/m3 Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје. | |
Прикачување на максимум една L‑BOXX. Тежината на L‑BOXX заедно со содржината не смее да изнесува над 15 kg. | |
Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои опасност од повреда и оштетување. | |
Не го користете всисувачот како предмет за седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувачот може да се преврти и оштети. Постои опасност од повреда. | |
Старт/Стоп-автоматика | |
Исклучување | |
Всисување | |
15 | Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 15 mm |
22 | Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 22 mm |
35 | Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 35 mm |
Min/Max | Бесстепена контрола на јачината на всисување:
|
Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат (во зависност од земјата) | |
AFC | Автоматско чистење на филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) |