Одржување и чистење
- Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
- Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
- При сервисирање и чистење на всисувачот носете заштитна маска од класа на заштита FFP2 или повисока и целосна заштитна облека за еднократна употреба во согласност со соодветните прописи. Сервисирањето и чистењето може да го вршат само лица со уверение за компетентност.
Куќиштето на всисувачот мора темелно да се исчисти и да се избрише со влажна крпа или да се затвори со средство за дихтување пред да го отстраните всисувачот од опасната зона. Сите делови на всисувачот мора да се сметаат за контаминирани ако доаѓаат од опасна зона и мора да се преземат соодветни мерки на претпазливост. Сите делови кои не се соодветно исчистени за време на сервисирање/поправка мора да се фрлат (во непропустливи ќеси).
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Сервисирањето ги вклучува постапките опишани во поглавјето Монтажа. Просторијата во која ќе се демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема.
По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Дополнително, ефективноста на филтерот мора да се проверува најмалку еднаш годишно во согласност со EN 60335-2-69, 22.AA.201.2.
Националните барања може да бараат и почеста контрола.
Ако е намалена ефикасноста на филтерот, филтерот мора да се замени и контролата да се повтори.
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (28).
- Олабавете ги двете безбедносни завртки (38) и притиснете ја заштитата на (19) окцето за затворање надолу.
- Извлечете го од окцето за затворање (18) и отворете го поклопецот за филтерот (39).
- Фатете го набраниот филтер (28) за држачите и извадете го нагоре.
- Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при вадење на набраниот филтер (28), со влажна крпа од рабовите на поклопецот за филтерот (39).
- Поставете го новиот исчистен набран филтер (28) и внимавајте добро да легне.
- Затворете го поклопецот за филтер (39) (додека не слушнете да се вклопи).
- Повторно притиснете ја заштитата (19) на окцето за затворање нагоре и прицврстете ги безбедносните завртки (38).